Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата во моментов, Лука Дончиќ ќе има право да потпише нов рекордно вреден договор со Далас од 346 милиони долари, почнувајќи од следното лето. Словенецот веќе го исполни бараниот критериум од 65 одиграни натпревари оваа сезона и веќе може да биде избран во Ол-стар тимот, а доколку тоа се случи, тој ќе има можност да стане најплатениот кошаркар во НБА од почеток на сезоната 2025 /26.
Супер-максималниот договорот на Дончиќ може да стапи во сила дури од следната година, бидејќи според правилата, кошаркарот мора да има акумулирано седум години во лигата. Ѕвездата на Далас моментално е во својата шеста година, па Далас нема да може да му понуди нов договор до крајот на неговата шеста сезона меѓу најдобрите.