Американската полиција ја истражува смртта на поранешниот играч на НФЛ, Мајами Долфинс и Индијанаполис Колтс, Вонте Дејвис, но засега не пронашла ништо сомнително.
Дејвис беше пронајден мртов на имот во Саутвест Ранч. Причината за смртта ќе биде позната по обдукцијата.
Дејвис играше 10 сезони во НФЛ откако беше избран од Мајами со 25-тиот пик на драфтот во 2009 година.
Тој играше три сезони со Мајами, пред да биде разменет во Индијанаполис пред почетокот на сезоната 2012. Играше шест сезони со Колтс и беше трејдуван во Бафало Билс во 2018 година, каде што ја заврши кариерата на натпреварот на полувремето против Лос Анџелес.
Клубовите преку социјалните мрежи се простија од Дејвис, изразија тага, жалење и сочувство до семејството.