Иванишевиќ: На Ѓоковиќ не му треба нов тренер, сега е со совршена личност

1217

Новак Ѓоковиќ во моментов е без тренер по разделбата со Горан Иванишевиќ. Ѓоковиќ се уште не објави кој ќе го наследи Иванишевиќ, рече дека можеби ќе продолжи без тренер, но пред Мастерсот во Монте Карло тренира со Ненад Зимоњиќ, некогаш најдобриот светски дубл играч.

„Не знам уште колку време ќе игра Новак, зависи од него, но мислам дека во овој момент е со совршената личност. Тој е мој голем пријател, поминавме многу, го сакам Тој е одличен тениски стручњак. Сепак, најважно во целата приказна е тоа што го познава Новак“, изјави Иванишевиќ во интервју за Спорт Клуб и продолжи:

„На Новак сега не му треба нов тренер, додека не го запознае. Новак ќе полудеше по десет дена, а тој тренер ќе се прашуваше што се случува. Мојата теорија е дека балкански репрезентативец може да тренира секого. Јас и Зики се слушнавме, разговаравме уште пред да дознаам дека Новак го покани, мислам дека Зики е совршен за Новак. Може да му помогне и во тенисот, Новак знае се, но можеби ќе му го каже истото во поинаков начин, со поинаков пристап, што ќе биде освежување за Новак. Зики го знае менталитетот на Нолет, заедно беа во Дејвис куп тимот, Зики беше и тренер“, заклучи Иванишевиќ.

ПретходноЈокиќ и Дончиќ се чудовишта: Најдобрите светски кошаркари повторно приредија спектакл (ВИДЕО)
СледноКуп – 1/2 финале: “Лавовите“ во атак на ново финале, Воска по историја! (ФОТО)