Келце со втора победа над ГОГ обезбеди четвртфинале во ЛШ

54

Ракометарите на Келце го запечатија пласманот меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен го совладаа ГОГ 33:28 и со втора победа се сместија меѓу четвртфиналистите.

За билет за завршниот турнир во Келн, Полјаците ќе мора да го минат Магдебург.

Вечерва против ГОГ, полскиот тим покажа уште една доминантна партија и во ниту еден момент не дозволи победата да биде ставена под знак прашалник.

Душебајев со 7 гола беше најефикасен кај домашните, додека кај ГОГ со 6 постигнати гол апрв стрелец беше Менсинг.

ПретходноКамерун за нов селектор назначи Белгиец кој никогаш не работел во репрезентација
СледноГрчевски: Им честитам на девојките, со добра ждрепка ќе се обидеме да ја минеме и групата на ЕП