Тежок двоен удар за Манчестер Јунајтед

2060

Манчестер Јунајтед во следните натпревари ќе има сериозни проблеми со одбраната. Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф ќе бидат надвор од терените најмалку еден месец. 26-годишниот Аргентинец заработи повреда на потколеницата на тренинг. Линделоф се повреди на натпреварот со Брентфорд во саботата. И двајцата се надеваат дека ќе играат повторно пред крајот на сезоната. Последниот првенствен натпревар на „црвените ѓаволи“ е на 19 мај, но пет дена подоцна има финале во ФА Купот.

Мартинез има проблеми со повреди цела сезона. Тој пропушти четири месеци од кампањата по операцијата на стапалото и се врати минатата недела по двомесечно отсуство со проблем со коленото. Линделоф имаше и долго отсуство по операцијата во декември.

Овие повреди дополнително ја комплицираат ситуацијата на Ерик тен Хаг. Менаџерот на Манчестер Јунајтед не може да се потпре на Џони Еванс и Лук Шо, кои исто така се повредени. Рафаел Варан исто така има одредени проблеми но се очекува да биде достапен за утрешното гостување кај Челзи. На Стемфорд Бриџ најверојатно ќе биде партнер со Хари Мегваер. Тен Хег ќе мора да се потпре на оваа двојка во центарот на одбраната и за неделното дерби против Ливерпул.

ПретходноПроблем за МЗТ Скопје, без Бојан Крстевски во следните три до четири недели!
СледноТВ инфо за Азербејџан – Македонија!