„Топчиите“ славеа против Лутон и вечерва ќе „преспијат“ како лидери во Премиер лигата (ВИДЕО)

83

Фудбалерите на Арсенал го совладаа Лутон со 2:0 во натпреварот од 31. коло на англиската Премиер лига и со овој триумф се вратија на чело на првенствената табела со 68 бодови, но и натпревар повеќе од второпласираниот Ливерпул, кој утре го пречекува Шефилд Јунајтед.

Домашните решија се во првите 45 минути. Арсенал поведе во 24. минута со голот на капитенот Мартин Одегард, а пред крајот на полувремето, несмасниот Даики Хашиока си постигна автогол.

На вториот натпревар кој се одигра во истиот период немаше голови, Брентфорд и Брајтон ремизираа – 0:0.

ПретходноЛидерот убедливо го доби првото струмичко плеј-оф полуфинале
СледноЗагреб елиминиран, Монпелје оди во четвртфиналето