Лидерот во Бундеслигата, екипата на Баер (Л) обезбеди пласман во финалето на Купот на Германија,откако целосно ја оправда улогата на голем фаворит во полуфиналето против Фортуна Дизелдорф и славеше со убедливи 4:0.
Леверкузен поведе веќе во седмата минута со голот на Фримпонг, а потоа следуваа уште два гола до одморот. Адли зголеми на 2:0, додека Вирц со својот прв гол ги донесе „фармацевтите“ и до 3:0.
Во продолжението, Вирц со својот втор гол, овојпат од пенал ги постави конечните 4:0.
Во финалето, Баер (Л) на Олимпискиотс тадион во Берлин ќе се сретне со Кајзерслаутерн, кој вчера беше подобар од Сарбрикен со 2:0.