Гвардиола му одговори на Рој Кин, кој рече дека Халанд е на 4-та лига

1101

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд не е во добра форма. Норвежанецот одигра шест натпревари оваа сезона во Премиер-лигата против екипи од Топ 5 (покрај Сити, тоа се Арсенал, Ливерпул, Тотенхем и Астон Вила), а успеа да постигне само еден гол. Дека нешто не е во ред се согласи и легендарниот Рој Кин, кој како стручен коментатор беше многу груб кон играта на Норвежанецот против Арсенал. Натпреварот заврши 0:0.

“Ова беше многу лошо. Неговата генерална игра е многу слаба. Пред голот тој е најдобар во светот, но генерално е многу лошо. Неговата игра е на ниво на играч од англиската четврта лига. Тој мора да се подобрува во текот на следните години и тој ќе се подобри, но мора да работи на тоа што е можно поскоро“, рече Кин.

Пеп Гвардиола се огласи во јавноста и одговори на критиките за неговиот играч.

„Не се согласувам со Кин, апсолутно не. Тоа би било како јас да кажам дека е тренер за втора или трета лига. Халанд е најдобриот напаѓач во светот. Минатата година ни помогна да освоиме сè. Тоа не е неговата вина, не создаваме доволно шанси во нападот. Изненаден сум што критиките доаѓаат од поранешните играчи. Нивната меморија брзо избледува“, изјави Гвардиола.

ПретходноТВ инфо за Азербејџан – Македонија!
СледноАлегри: Нема повеќе смисла да ги коментираме одлуките на судиите и на ВАР