Ракометарите на ППД Загреб се елиминирани во осминафиналето на Лигата на шампионите од францускиот вицешампион Монпелје. Откако првиот натпревар беше нерешено, Монпелје победи со 30:24 во Франција.
На избраниците на Андрија Николиќ им пресуди лошо одиграното второ полувреме во кое резултатот беше 16:10. Во првиот дел Загреб одлично се држеше и на паиза замина во егал – 14:14.
Во битка за место на Ф4 турнирот, Монпелје за противник го доби германски Кил.