Фудбалскиот сојуз на Турција конечно донесе одлука за хаосот по мечот меѓу Трабзон и Фенербахче кога домашните навивачи втрчаа на теренот и ги нападнаа гостите од Истанбул. Гостите славеа триумф, а додека беа на теренот домашните играчи се симнаа на теренот и пробаа да се пресметаат со нив.
Голманот Доминик Ливаковиќ беше удрен со тупаница, а неговиот соиграч Миши Батшуи проба да совлада еден од напаѓачите.
ФС на Турција го казни Трабзон со шест натпревари пред празни трибини, а и парична казна од околу 90.000 евра. Фудбалерите Остерволде и Егрибајат и тренерот Егемен Коркмаз се суспендирани на по еден меч.
Играчот на Фенербахче, Брајт Осаи-Самуел не е казнет иако се тепаше со навивачите на Трабзон. ФС оцени дека тоа го направил во самоодбрана.