Поранешна легенда на Динамо Киев претепана од фудбалски хулигани

286

Белорускиот тренер Александар Хацкевич е повреден откако бил претепан од група на фудбалски хулигани за време на тренинг на својата екипа Заглебје Сосновиец, пишуваат полските медиуми.
Белорусинот е тренер на екипата, а инцидентот се случил на 3 Април кога група на хулигани се појавиле на тренингот и „обичната конверзација“ се претворила во тепачка.
Инцидентот го потврди и самиот тренер:
„Тренингот мина во нормална атмосфера, а потоа група на луѓе се појавија на теренот. Видно агресивни почнаа да викаат и да се закануваат. Играчите не возвратија и покажаа единство. Можев да се одбранам, но не се чувствував сигурен. Беа побројни. Проблемот е во тоа што клубот не се погрижи за да го обезбеди тренингот. Тоа не смее да се случува“, изјави тренерот и поранешна легенда на Динамо Киев.
Заглебје Сосновиец е последен на табелата во втората полска лига со 13 поени по 25 кола.
Хацкевич е поранешен белоруски репрезентативец, екс-играч на Динамо Киев од времето кога за овој клуб играа легендарните Шевченко, Ребров, Шовковски…
Беше и селектор на Белорусија, тренер на Витебск, Ротор, Динамо Киев, а од 2024 година е во Заглебје.

ПретходноСУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ
СледноАл Хилал го подобрува светскиот рекорд по број на едноподруго победи