Ракометарките едногласни: Среќни сме што после 12 години преку квалификации одиме на Европско

328

Откако по седмипат го потврдија своето место на завршницата на континенталните собири, наќшите ракометарки в недела на домашен терен против Литванија ќе играат за публика и за потврда на квалитетот. По денешниот убеднив триумф над Азербејџан, Симона Маџовска ги искажа своите први импресии по победата и пласманот на Европското првенство 2024.

„Сите бевме свесни и знаевме колку е важен овој натпревар за сите нас. Отворивме според договореното, па следеше мал пад, но брзо го надминавме. Шанса и поддршка добија сите девојки. Среќни сме што после 12 години го остваривме овој успех преку квалификации. Во недела нѐ чека уште еден натпревар кадешто сакаме со победа да го завршиме циклусот и да си го потврдиме пласманот на европското првенство”.

Младата Ива Младеновска постигна 4 гола во денешната победа во Баку.

„Овој пласман на Европско првенство значи многу за мене, сметам дека е голем успех бидејќи после толку време се пласиравме на едно големо натпреварување преку квалификации и тоа значи дека сме на вистинскиот пат. Се надевам на добра игра на Европското, имаме време да се подготвиме максимално и да целиме кон добар резултат”.

Со први импресии и Јована Кипријановска.

„Немавме многу време да се подготвиме за овој натпревар, но и покрај тоа ги освоивме бодовите и успеавме да бидеме фокусирани. Можеби на почетокот имавме проблеми, но успеавме да го контролираме резултатот. Многу сум среќна за оваа победа бидејќи ни донесе пласман на Европското првенство. Ова е голем успех за нашата земја, за тимот и за мене. Се радувам што и понатаму ќе тренирам со овој тим и ќе имам шанса да ha ha придонесам уште многу. Одиме чекор по чекор, се надевам дека ќе растеме уште повеќе до стартот на Европското првенство“.

ПретходноТотенхем објави дека бара нов инвеститор
СледноРаботнички не дозволи „брејк“ и поведе во полуфиналето против Штип УГД