Санчо ќе добие втора шанса во Манчестер Ј.?

179

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо би можел да добие втора шанса во Манчестер Јунајтед доколку клубот го назначи Џејсон Вилкокс за нов директор за фудбалски опрерации.

Вилкокс го познава Санчо и има доверба во него. 24-годишниот играч од средниот ред моментално е на позајмица во Борусија Дортмунд. Токму од германскиот клуб тој замина во „црвените ѓаволи“, но не само што не успеа да се наметне, туку по конфликт со менаџерот Ерик тен Хаг беше отстранет од тимот.

Санчо мина неколку месеци без фудбал, пред да се врати во вицешампионот на Бундеслигата на позајмица во јануарскиот преоден рок и полека да ја враќа познатата форма.

ПретходноГрчевски: Им честитам на девојките, со добра ждрепка ќе се обидеме да ја минеме и групата на ЕП
СледноРистовски и Динамо (З) вторпат во четири дена славеа на Пољуд, овој пат за финале во купот