Македонската ракометна женска репрезентација денеска (15 часот) во Баку има шанса да дојде на чекор до пласман на Европското првенство 2024 година. Нашите девојки играат против Азербејџан, селекција која на првата квалификациска средба ја совладаа со 40-17, па останува да ја потврдат својата класа и да чекаат победа на Шпанија против Литванија за да сонот за ЕУРО уште вечерва стане реалност.
Натпреварот меѓу Азербејџан и Македонија можете да го гледате на Арена 5.
До крајот на овие квалификации покрај денешната средба, ракометарките ќе играат против Литванија на домашен терен (07. април), меч кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“, влезот е слободен.