Фудбалерите на Арсенал го совладаа Лутон со 2:0 во натпреварот од 31. коло на англиската Премиер лига и со овој триумф се вратија на чело на првенствената табела со 68 бодови, но и натпревар повеќе од второпласираниот Ливерпул, кој утре го пречекува Шефилд Јунајтед.
Домашните решија се во првите 45 минути. Арсенал поведе во 24. минута со голот на капитенот Мартин Одегард, а пред крајот на полувремето, несмасниот Даики Хашиока си постигна автогол.
На вториот натпревар кој се одигра во истиот период немаше голови, Брентфорд и Брајтон ремизираа – 0:0.