Македонската женска ракометна репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство 2024 година на едно коло до крајот на квалификациите. Нашите девојки со стил заверија билет за континенталното натпреварување, во Баку против Азербејџан славеа со убедливи 22-37.
На последниот натпревар од овие квалификации, Македонија ја пречекува Литванија на домашен терен. Дуелот е закажан за во недела во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“, влезот е слободен.
Ракометарките останаа на второто место на табелата во својата група со шест бода.