Шампионките направија „брејк“ и поведоа во полуфиналето

171

Шампионот во женска конкуренција, екипата на Работнички со убедлива победа од 3:0 стартуваше во полуфиналната плеј-оф серија. Вечерва како гостинки, бранителките на титулата го совладаа домашниот тим Јанта Волеј и поведоа со 1:0.

Јанта волеј – Работнички Скопје                   0:3 (14:25, 20:25, 19:25)

Со оглед на начинот на кој протече мечот, Работнички беше доминантен во сите три сета. Првиот го доби најубедливо, а иако Јанта Волеј успеа да ја подобри играта во следните два сета, не успеа да донесе радост за своите навивачи.

Работнички со предност заминува на вториот меч во кој ќе биде домаќин во салата на СЦ „Борис Трајковски“.

ПретходноБаер (Л) чекори кон двојната круна, обезбеди финале во купот
СледноХет-трик на Фоден, Сити продолжува во битка за титулата