Шкупи со поддршка и соработка во истрагата за местење на натпревари и обложување

1012

Фудбалскиот клуб Шкупи прв се огласи по написите за истрагата за наводите за местење на натпревари и обложување во Македонската фудбалска лига. Опфатени се последните неколку години, а поранешниот македонски првак ја искажа својата поддршка и нуди соработка во борбата со искоренување на овој криминал.

Како ФК Шкупи, даваме целосна поддршка на написите за истрагата за наводите за местење натпревари и обложување во Македонската фудбалска лига, опфатени последните неколку години, а кои неодамна беа споделени со јавноста.Секоја работа поврзана со целосните истраги на овој случај, ја гледаме како доста позитивна на овој случај и извлекувањето на фактите е многу неопходна и соодветна одлука. Ние како ФК Шкупи потполно го подржуваме истражувањето што треба да се направи за овој случај и како клуб сме отворени за секоја задача од наша страна. Сметаме дека ова истражување е многу важно за фудбалот во Македонија.

Ова е многу важна тема. ФИФА, Интерпол, полицијата, македонската полиција, македонското обвинителство, треба да ја завршат својата работа за да го истражат овој случај сега две години на назад. Сите телефонски броеви на судиите, телефонските разговори пред натпреварите, сите овие работи треба да ги истражува ФИФА и овие валкани работи да излезат на виделина до крај“, соопштија од чаирскиот клуб.

ПретходноПолувреме Куп на Македонија: Блесок на Георгиев, Воска води 2:0 против Македонија ЃП (видео)
СледноСонот стана реалност: Македонските ракометарки во Баку заверија пласман на Европското првенство!