Со победата над Литванија од 20:34 на гостински терен, ракометарките на Шпанија на коло пред крајот во квалификациите и официјално ги решија сите дилеми. Себе си со петтата победа си го потврдија првото место во групата, а за нашата селекција останува второто место и патот на Европскиот шампионат.
Ако и имаше било какви дилеми, тие попладнево беа решени уште во првиот дел кој Шпанките го добија со 9:17. Победата им го гарантира првото место, а на Македонија пласманот на второто место. Нашите девојки во пет кола собраа 6 бода, дури 4 повеќе од Литванија која е на третото место.
Тоа значи дека дуелот во недела во Скопје нема да промени ништо од изгледот на табелата.