Ја „растурија“ Литванија и ги решија сите дилеми: Шпанија прва, Македонија како втора на ЕП

2036

Со победата над Литванија од 20:34 на гостински терен, ракометарките на Шпанија на коло пред крајот во квалификациите и официјално ги решија сите дилеми. Себе си со петтата победа си го потврдија првото место во групата, а за нашата селекција останува второто место и патот на Европскиот шампионат.

Ако и имаше било какви дилеми, тие попладнево беа решени уште во првиот дел кој Шпанките го добија со 9:17. Победата им го гарантира првото место, а на Македонија пласманот на второто место. Нашите девојки во пет кола собраа 6 бода, дури 4 повеќе од Литванија која е на третото место.

Тоа значи дека дуелот во недела во Скопје нема да промени ништо од изгледот на табелата.

ПретходноАл Хилал го подобрува светскиот рекорд по број на едноподруго победи
СледноТотенхем објави дека бара нов инвеститор