Српскиот кошаркар Никола Јокиќ претходната вечер одигра одличен меч против најголемиот талент Виктор Вембањама и испрати јасна порака дека е најдобар на светот. Во победата на Денвер над Сан Антонио (110:105), Јокиќ доминираше и мечот го заврши со 42 поени, 16 скока и шест асистенции, а се чини дека дел од причината за тоа е и самиот Вембањама, кој го принуди Сомборац да биде поагресивен.
Вембањама сезонава е рекордер во НБА со 3,5 блокади по меч, а тоа Јокиќ го почувствува уште рано во мечот, што само го налути и реши офанзивно да го нападне Вембањама. Заврши со дури 42 поени, но еден кош беше посебен, Јокиќ ја заби топката против францускиот кошаркар и ги дигна сите на нозе.
Nikola Jokić just dunked on Wemby
This is really my GOAT. LOOK AT THAT SMIRK 🤣🐐🐐🐐🐐🐐 pic.twitter.com/i7XBGHVvNF— Tatiana (@Tatianaclinares) April 3, 2024
BREAKING: Nikola Jokic has his first in-game dunk since February 3, 2023 pic.twitter.com/gXMT8P18y8
— 𝓜𝓪𝓽𝓽 ✈️ (@mldiffley) April 3, 2024