Алегри: Нема повеќе смисла да ги коментираме одлуките на судиите и на ВАР

151

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри беше воодушевен по победата од 2-0 над Лацио во првиот натпревар од нивниот полуфинален Куп на Италија. „Старата дама“ беше без успех на последните 4 натпревари во Серија А и за тренерот е важно тимот да се врати на победничкиот колосек. Тој одби да ги коментира судиите и поконкретно поништениот пенал во корист на Јуве во првото полувреме.

„Мораме да ги почитуваме одлуките на судиите и ВАР, нема смисла повеќе да коментираме. Важно беше да се вратиме на победничките патеки, без разлика што Копа Италија е поразличен турнир од Серија А. Првиот полувремето беше доста изедначено, но во вториот дел го зголемивме темпото и постигнавме два гола против силната екипа на Лацио. Сепак, битката не е завршена бидејќи има и реванш“, изјави Алегри.

Тој откри и што им кажал на своите играчи на полувремето.

„Им реков да трчаат кон противничкиот гол… Ова е вистината. Отсекогаш сум велел дека фудбалот е елементарен спорт и верувам во него. Им реков да трчаат кон противничкиот гол и таму секогаш ќе излезат со нешто“, додаде специјалистот.

Сепак, тој е свесен дека оваа победа сепак не ги решава проблемите на тимот кој мора да покаже доследност во настапите до крајот на сезоната.

“Треба да ги завршиме работите тула по тула за да ги исполниме нашите цели. Сите се виновни за негативниот период досега, но пред се јас. Има такви моменти во фудбалот, но момците добро се снајдоа, одржаа рамнотежа и најдоа силата да се игра таква игра“.

ПретходноГвардиола му одговори на Рој Кин, кој рече дека Халанд е на 4-та лига
СледноИзречени казните за немирите на мечот меѓу Трабзон и Фенербахче