Грчевски: Им честитам на девојките, со добра ждрепка ќе се обидеме да ја минеме и групата на ЕП

233

И селекторот на нашата женска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски, го искажа своето задоволство од победата над Азербејџан и обезбедениот настап на ЕП кон крајот на годинава.

„Многу важна победа за нас, со неа заверивме пласман на Европското првенство. Отворивме добро, имавме мал пад, но го пребродивме, сепак бевме под притисок. Девојките одиграа како што треба, тоа што се договоривме го исполнија. Им честитам на ракометарките за играта и за борбеноста, сериозно го сфатија мечот против Азербејџан, иако како противник е послаб, сите знаеме што значи ако некого потцениш. Се подрудивме сите во составот да добијат минутажа, а истовремено да заштедиме сили за Литванија. Иако оваа средба не е важна резултатски од аспект за пласман на Европското првенство, сепак би сакале да извојуваме победа на домашен терен, триумфално и во позитивна атмосфера да го затвориме овој циклус. Се надевам дека со добра ждрепка на Европското првенство можеме најмалку да ја поминеме групата, па потоа ќе размислуваме за понатаму“, вели Грчевски.

ПретходноКелце со втора победа над ГОГ обезбеди четвртфинале во ЛШ
СледноСанчо ќе добие втора шанса во Манчестер Ј.?