Загреб елиминиран, Монпелје оди во четвртфиналето

210

Ракометарите на ППД Загреб се елиминирани во осминафиналето на Лигата на шампионите од францускиот вицешампион Монпелје. Откако првиот натпревар беше нерешено, Монпелје победи со 30:24 во Франција.

На избраниците на Андрија Николиќ им пресуди лошо одиграното второ полувреме во кое резултатот беше 16:10. Во првиот дел Загреб одлично се држеше и на паиза замина во егал – 14:14.

Во битка за место на Ф4 турнирот, Монпелје за противник го доби германски Кил.

Претходно„Топчиите“ славеа против Лутон и вечерва ќе „преспијат“ како лидери во Премиер лигата (ВИДЕО)
СледноБаер (Л) чекори кон двојната круна, обезбеди финале во купот