Хаос на „Пољуд“: „Торцида“ ја проби оградата, играчите побегнаа, па тргнаа кон гостинските фанови (ВИДЕО)

2001

Откако Динамо (З) славеше со 0:1 на гостувањето кај Хајдук, по натпреварот се случи инцидент кога домашните навивачи од навивачката група „Торцида“, видно лути поради лошиот резултат на нивниот тим, успеа да ја пробијат оградата на северната трибина и во голем број влетаа на теренот.

Играчите побегнаа во соблекувалните, а членовите на „Торцида“ се стрчаа кон трибината каде што беа сместени гостинските навивачи, „Бад Блу Бојс“.

За среќа, полицијата со многу брза реакција спречи поголеми нереди.

ПретходноРистовски и Динамо (З) вторпат во четири дена славеа на Пољуд, овој пат за финале во купот
СледноЛидерот убедливо го доби првото струмичко плеј-оф полуфинале