Хет-трик на Фоден, Сити продолжува во битка за титулата

156

Фудбалерите на Манчестер Сити убедливо ја совладаа екипата на Астон Вила со 4:1 во последниот натпревар од вечерашната програма од 30-тото коло во англиската Премиер Лига.

По победата на Арсенал на граѓаните им беше преку потребна победа против четвртопласираната Астон Вила. Во првото полувреме гледавме добар фудбал со по неколку шанси од двете страни. Резултатот го отвори Родри во 11-тата, додека пак Дуран изедначи во 20-тата минута. Астон Вила се држеше и одлично ги спречуваше нападите на домаќините, но во 46-тата минута Фоден го постигна својот прв гол и му донесе предност на Сити пред паузата. Во второто полувреме целосна иницијатива превзедоа домаќините и силно ги притиснаа гостинските фудбалери. Во 62-та минута Фоден го зголеми водството на домаќините, а седум минути подоцна тој го комплетираше својот хет-трик постигнувајќи уште еден погодок.

Со оваа победа Манчестер Сити останува на третата позиција со 67 освоени бода, додека пак Астон Вила се наоѓа на четвртата позиција со 59 бода.

ПретходноШампионките направија „брејк“ и поведоа во полуфиналето
СледноНадал повторно е повреден, ги пропушта турнирите во Монте Карло и Шпанија?