Јокиќ: Му се заканив на Вембањама, па ме „залепи“ уште четири пати

397

Денвер Нагетс потешко од очекуваното го победи Сан Антонио Спарс со 110:105 на свој терен. Тоа беше одлична пресметка меѓу двајца високи играчи, Никола Јокиќ кој ги предводеше Нагетс со 42 поени и 16 скока, и на другата страна Виктор Вембањама имаше 23 коша, 15 скока, 8 асистенции и дури 9 блокади.

Јокиќ по мечот на прес-конференцијата откри што се случувало на теренот.

“Му се заканив на Вембањама откако ме блокираше. Му реков: Само обиди се да блокираш некој друг. А потоа блокираше уште четири пати, не можев ништо да му направам”, рече Јокиќ.

Денвер е на врвот во Западната конференција со 53-23, само една победа помалку и натпревар помалку имаат Минесота и третата Оклахома Сити, додека Сан Антонио е последен на Западот со 18-58, без шанса за влез во плејофот. за долго време.

ПретходноЈунајтед подготви 100.000.000 за „бисерот“ на Бенфика?
СледноПроблем за МЗТ Скопје, без Бојан Крстевски во следните три до четири недели!