Откако вчера и официјално нашата женска ракометна селекција обезбди учество на ЕП кое ќе се одржи оваа година, од ЕХФ со објава дека на 18 април ќе се одржи ждрепката за континенталниот собир. Поточно ќе се знаат групите, а со тоа ќе се знае и против кого нашите ракометарки ќе играат во ова ЕП кое ќе се одржи во Австрија, Швајцарија и Унгарија.
Ждрепката е закажана за 18 април во 18 часот во седиштето на ЕХФ во Виена. Во недела ќе биде комплетиран списокот на репрезентации кои ќе настапат на ЕУ, а досега покрај Македонија сигурни учесници се уште девет селекции.










