Артета откри од кого е посебно импресиониран

197

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го пофали настапот на неговиот тим против Лутон. „Топчиите“ победија со 2:0 на „Емирати“ и се најдоа на врвот на табелата во Премиер-лигата со 68 бодови.

“Тоа беше тежок натпревар. Мораме да му оддадеме признание на Лутон. Тие се добар тим кој ни задаваше проблеми. Дадовме два добри гола пред паузата, но во вториот дел не можевме да го одржиме ритамот што го сакавме поради стилот на противникот.

Многу сум среќен со момците кои дојдоа од клупата. Сега имам значително поголем избор бидејќи скоро сите се здрави. Импресиониран сум од Смит-Роу. Работи многу напорно на тренинзите, а се виде дека може да биде корисен и на натпреварите“, изјави Артета. 

ПретходноРФМ парично ќе ги награди ракометарките за пласманот на ЕП 2024!
СледноЛазаров: Хансен е еден од најдобрите на сите времиња!