Во новата сезона: “Десетката“ на Реал за Мбапе, а “деветката“ за Ендрик!

234

Како што денеска јавуваат медиумите во Шпанија, се чини дека култните дресови на Реал Мадрид, „десетката“ и “деветката“ ќе имаат нови сопственици.

Секако дека се очекува “десетката“ во новата сезона да ја носи Килијан Мбапе, додека “деветката“ ќе му припадне на младиот Ендрик, кој на двата пријателски меча минатиот за својот Бразил постигна два гола и ги фрли во транс сите фанови на “кралевите“.

Ова значи, барем за Лука Модриќ, кој долги години го носеше дресот со бр.10, дека дефинитивно си оди од “Сантијаго Бернабеу“.

Претходно„Нема терористичка закана насочена кон Олимпијадата во Париз“
Следно„Фармацевтите“ премногу се опуштија