Некогашниот НБА кошаркар, Гилберт Аренас зборуваше за Никола Јокиќ кој два пати беше прогласуван за МВП на сезоната, се очекува трет пат да ја освои наградата. Аренас е познат како еден од главните критичари на Јокиќ, а овојпат отиде чекор понапред.
„Јокиќ е веројатно, статистички гледано, најлошиот МВП во последните 40 години. Кога зборувате за најкорисен играч, играчите кои ја добиваа таа награда, нивните тимови биле први или втори во лигата. Кога Мајкл Џордан ја доби таа награда Чикаго беше седми во лигата, имаше просек од 35 поени, 6 скокови и 5 асистенции, со 3 украдени топки по меч. Беше лидер по бројот на поени и украдени топки. Кога Расел Вестбрук ја освои Оклахома беше на 10. место во лигата, но тој имаше трипл-дабл во просек.
Кога Јокиќ ја освои наградата во 2021 година, Денвер беше петти севкупно гледано, тој имаше 26 поени, 8 скокови и 10 асистенции по меч, па ве прашувам што е тука историско? Центар кој за малку забележал трипл-дабл во просек. За малку – значи не успеал, туку бил блиску.
Втората МВП наградата беше кога Денвер беше на 10. место, а тој 28 поени, 8 скокови и 13 асистенции. Исто така прашувам – што има тука историско?“, изјави Аренас во подкаст со Шенон Шарп.