Лук Флеурс (24), некогашен младински репрезентативец на ЈАР, и член на екипата на Кајзер Чифс, тим од елитмата лига на оваа земја, убиен е при обид да му се ограби автомобилот. Ова злосторство се случило на една бензиска во градот Јоханезбург, град кој е познат по тоа дека е еден од најнасилните в светот.
Неговата смрт ја потврдија и од неговиот клуб.
Инаку деталите за овој страшен настан сеуште не се познати. Фудбалерот бил прогласен за мртов веднаш штом бил донесен во болница.











