Воска знае дека треба она што вреди и што е најдобро да го задржи за себе. Па така како што и официјално известуваат од страна на охридскиот прволигаш, Алекса Марушиќ потпиша нов договор со Воска и дека и во следната сезона 2024/25 најдобриот стрелец во ПМФЛ, ќе го предводи нападот на овој тим барем уште една година.
Да, Воска е на чекор до пласман во финалето во Купот на Македонија, но овој договор нема да важи ако Воска сепак испадна од нашата елитна лига, ако се знае дека во ВМФЛ не е дозволено да играат странци во нашите клубови.

Инаку Црногорецот во Воска дојде во јули 2023 година и во оваа сезона се покажа како екстра засилување за дебитантот во ПМФЛ со оглед на тоа дека со тие 13 голови моментално е лидер на листата на стрелците.















