Волф не ја исклучува можноста Фетел да дојде во Мерцедес во 2025 година

126

Директорот на Мерцедес, Тото Волф изјави дека постои можност Себастијан Фетел да му се приклучи на тимот. Фетел, кој на крајот на 2022 година ја заврши кариерата во Формула 1, откри дека имал неформални разговори со Волф, кој се обидува да најде замена за светскиот шампион Луис Хамилтон кој ќе прејде во Ферари идната сезона.

„Динамичен е пазарот. Не ја исклучуваме таа можност. Некои од најдобрите возачи наскоро ќе потпишат за други тимови. Сакаме да продолжиме да разговараме и сите опции се отворени. Но засега е рано да се посветиме на тоа“, изјави Волф.
Инаку тројниот светски шампион, Макс Верстапен бил на врвот на желби на Волф, а меѓу кандидатите за нов возач се споменуваат младиот италијански возач на Формула 2, Кими Антонели како и Германецот Мик Шумахер.

ПретходноРаководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација!
СледноМакедонија У14 одигра нерешено против Турција