Зинченко: Ако треба подготвен сум да одам на фронтот!

152

Фудбалерот на Арсенал, Александр Зинченко, би ја завршил својата фудбалска кариера и би заминал да се бори на фронтот за Украина во војната со Русија.

„Мислам дека одговорот е јасен: ќе одам да се борам“, одговори Зинченко.

Фудбалерот изјави дека има пријатели од школските години кои моментално се на фронтот.

„Тешко е да се прифати дека до неодамна бевме во исто училиште со нив. Игравме фудбал во училишниот двор или на стадион, а сега тие треба да ја бранат нашата татковина“, продолжи Зинченко.

„И да бидам искрен, тешко е да се прифати, но тоа е така. Не можеме да се откажеме. Знам дека некои луѓе веројатно мислат дека ми е многу полесно сега кога сум во Лондон, а не во Украина. Навистина се надевам дека оваа војна ќе заврши наскоро“, рече тој.

ПретходноРеал го продава Диаз, за него ќе нема место во тимот следната сезона
СледноАБА лигата од следната сезона се проширува на 16 клубови