Ужасни сцени на меч од Копа Либертадорес – навивачите со камења ги гаѓаа фудбалерите (видео)

1618

Ужасни сцени на натпреварот од 1.коло од групната фаза во Копа Либертадорес (јужноамериканската верзија на Лигата на шампионите) помеѓу аргентинскиот Росарио Централ и уругвајски Пењарол.
Росарио славеше со 1:0, но по мечот домашните хулигани ги нападнаа гостинските играчи, а левиот бек Максимилијан Оливера бил удрен со камен по главата.
Играчите на Пењарол тргнале да ги поздрават своите навивачи, а пред да дојдат до трибините, домашните играчи ги гаѓале со камења. Еден камен завршил во главата на играчот на Пењарол. Во налет на адреналин Оливера тргнал физички да се пресмета со домашните хулигани, но соиграчите со спречиле.
По овој инцидент Росарио го чека жестока казна.

ПретходноТен Хаг: Доминиравме против Челзи и заслуживме да победиме
СледноЕХФ ТВ одбра: Ремек делото на Саздовска од зад грб е вториот најдобар гол (ВИДЕО)