Уште еден спектакл во Премиерлига, уште еднаш се покажа зошто оваа елига е најгледана и најквалитетна во светот. Јунајтед водеше со 2:3 во 100.минута на гости кај Челзи, но на крај загуби и тоа со двата гола на Кол Палмер, за конечни 4:3. Во првиот дел офанзивецот на Челзи даде уште еден гол па така со хет-трик го урна Манчестер Јунајтед.
Токму тој Палмер, кој оваа сезона е фантастичен во Челзи, секако еден од тројцата најдобри во ПЛ, е најголемата грешка на Пеп Гвардиола кој минатото лето дозволи Палмер да си замине од Сити. Едноставно не го препозна она што го знае и може репрезентативецот на Англија.
Палмер ја мина школата на Сити, но кај Пеп не доби речиси никаква шанса, а па затоа мораше да си оди и не погреши. Има само 21 година и пред него е блескава иднина.
Сепак на Пеп полесно му е да потроши 100 милиони евра за засилување отколку да се “занимава“ со таму некој Палмер.