По пауза од една и пол година, женската фудбалска репрезентација на Македонија оствари победа на еден официјален меч. Денеска на стартот на квалификациите за женското Европско превенство 2025 година, избраничките на новиот селектор Александар Андов успеаја со 3:4 да ја победат Летонија на гостински терен во Рига.
Летонките први отворија со голот во 7. минута на Миксоне, но нашите девојки успеаја да се опорават и до крајот на полувремето да приредат голем пресврт. Со двата гола на Гентјана Рочи (17′ и 25′) и погодокот на Наташа Андонова (32′), Македонија на полувреме замина со предност од 1:3.
Летонија успеаја да се врати со гол во 63. минута, кога Пулоховича погоди за 2:3, но тоа не ги обесхрабри нашите репрезентативки, кои преку Мирчевска во 69. минута се вратија на два гола предност, 2:4.
Летонија погоди во 76. минута со вториот погодок на Миксоне, но до крајот не успеа да се избори за реми. Овој победнички старт на селекторот Андонов и нашите девојки да се надеваме ќе продолжи со добар резултат и на мечот со Словенија кој ќе биде одигран на 9 април на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток во 15. часот.