Македонскиот фудбалски репрезнетативец Висар Муслиу го постигна својот втор гол сезонава во дресот на Падерборн, но не успеа да му донесе победа на својот тимна денешниот меч со Херта во рамките на 28. коло во германската 2. Бундеслига.
Падерборн двапати водеше, но на крајот го загуби мечот пред своја публика со 2.3 и го запиша третиот последователен пораз. Муслиу погоди со глава по еден изведен корнер во 60. минута за водство на неговиот тим со 2:1 (ВИДЕО).
Падерборн по денешниот пораз влезе во криза која трае веќе пет меча на кои не знае за победа.