Кансело сака да остане во Барса, но проблем е високата сума која ја бара Сити

117

Португалскиот интернационалец Жоао Кансело игра како позајмен во Барселона од Манчестер Сити. Португалецот добро се снајде на „Ноу Камп“ и сака да остане, меѓутоа се прашува Сити, а англискиот клуб за него бара 40+ милиони евра.
За него „Граѓаните“ платија 40 милиони евра и не сакаат помалку од таа сума, пишува „Диарио Спорт“.
Самиот Кансело, за кого има интерес и од други клубови, меѓу кои и од Саудиска Арабија кои се спремни да ја платат таа сума, изјави дека би играл само за Барселона.
Двата клуба во наредниот период ќе преговараат, а ако нема спуштање на сумата тогаш Барса ќе мора да се откаже од него. Инаку Кансело постигна четири гола и имаше четири асистенции во 33 настапи за Барса сезонава во сите натпреварувања.

ПретходноФерид Агуши назначен за асистент во стручниот штаб на футсал репрезентацијата
СледноАндов дебитираше со победа: Фудбалерките квалификациите ги почнаа со триумф во Рига