Селекциите на Македонија и Турција до 14 години одиграа пријателски натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Натпреварот заврши без голови. Инаку предвидени се два контролни натпревари со соодветната селекција на Турција.
На 8 април е закажан вториот контролен меч помеѓу овие две селекции, на стадионот на Чаир, со почеток во исто време.
Инаку селекторот на репрезентацијата до 14 години, Неџат Шабани за овие контролни натпревари против селекцијата на Турција се одлучи да ги повика следните фудбалери:
-Андреј Јанкуловаки, Благоја Седловски, Матеј Масев, Павел Стојанов, Дардан Адеми, Марио Стојчевски, Адриан Велески, Стефан Ристиќ, Михаил Павлов, МаринКрстевски, Александар Полимац, Матеј Бочески, Митко Стојанов, АријоН аЛИМИ, Амар Акики, Љис Имери, Арди Бајрами, Коста Георгиевски, Зубер Мурсал, Матеј Фенев, Марко Ташов, Димитар Петров, Сергеј Богдановски, Кристијан Нелоски, Амер Велиу;