Не е лесно да си навивач на овој клуб!

2000

Да водиш со 2:3 во 100.минута на „Стемфорд Бриџ“ и тој епски меч да го загубиш како аматер, е то го може само Манчестер Јунајтед. Тим кој што предводен од Ерик Тен Хаг уште еднаш ги шекна своите навивачи на кои навистина не им е лесно.

Како ли е само да си фан на Манчестер Јунајтед?

Е, тоа само тие си знаат. Оваа сезоба Јунајтед пет пати своите мечеви ги завршул со 4:3, од кои на три славеше победа. Тоа се стресови, веројатно фановите на овој клуб имаат право да бараат од Сер Џим Ретклиф и бенефциран стаж, а токму Тен Хаг ќе мора да му објаснува на новиот газда некои работи откако завчера јавно го “замоли“ да не го менува. А газдата седеше во ложата имаше што да види.

Да види како неговиот тим се однесуваше како аматерски. Прво фаулот на Дало а потоа и ситуацијата за 4:3, а се сеќавата дека во тие 2-3 минути Челзи имаше и зицер.

Едноставно му подаривме победа на противникот, најмногу сум разочаран зошто носиме погрешни одлуки. Ова е неприфатлив, мораме да се позанимаваме со тоа зошто е тоа така“ изјави покрај другото Ерик Тен Хаг.

ПретходноДали “пукна“ меѓу Клоп и Салах? Реакцијата на “фараонот“ откако беше заменет! (ВИДЕО)
СледноЧовекот кој што со хет-трик го урна Јунајтед е најголемата грешка на Гвардиола! (ФОТО)