Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација!

148

Македонската женска ракометна репрезентација успеа да завери пласман на Европско првенство 2024 година. Успехот е уште поголем бидејќи после 12 години преку квалификации „црвено-жолтите“ го заверија своето место на континенталното натпреварување.

По враќањето од Баку, првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски остварија средба со ракометарките и им го честитаа пласманот на ЕП 2024. Веќе пишавме дека женската репрезентација ќе добие премија од 2 милиони денари.

ПретходноАтанасов: Фаворити сме и сакам да тргнеме со победа
СледноВолф не ја исклучува можноста Фетел да дојде во Мерцедес во 2025 година