Утринава во САД се одиграа неколку натпревари во НБА. Секако дека најинтересно беше на дуелот меѓу шампионот Денвер и ЛА Клиперс, кој на крајот заврши со резултат 102:100.
14K (and counting) career points for Nikola Jokić 👏 pic.twitter.com/mpylb4eXyV
— Denver Nuggets (@nuggets) April 5, 2024
Спектакуларниот Никола Јокиќ, секако во моментов најдобриот кошаркар во светот имаше уште една одлична партија. На крајот заврши со нов трипл-дабл, и тоа со 36 поени, 17 скокови и 10 асистенции, во текот на мечот ја мина и бројката од 14.000 поени во карирерата во НБА, но сепак и тоа не беше доволно на крајот да се радува на победа. Имено Србинот промаши за победа, иако од тешка ситуација. Не моменти на паркетот беше “наелектризирано“, а тренерот на Денвер Мајкл Мелоун беше исклучен.
Jokic (36 PTS) cuts the deficit to 2 with 33 seconds left in the 4th quarter!
DEN-LAC on TNT pic.twitter.com/fAH3z8r6Af
— NBA (@NBA) April 5, 2024
Лука Дончиќ го доби дуелот со Богдан Богдановиќ, Далас славеше над Атланта со 109:95. Словенецот заврши со 25 поени, 12 скокови и 8 асистенци, додека Србинот впиша 17 поени.
На останатите средби се постигнаа следните резултати:
Мајами – Филаделфија 105:109, Њујорк – Сакраменто 120:109, Хјустон – Голден Стејт 110:133.