По шокантниот пораз на Манчестер Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“ од Челзи во 31 коло на Премиер лигата, се огласи и тренерот на „ѓаволите“ Ерик тен Хаг. Јунајтед до 98 минута водеше со 3:2, а потоа загуби со 4:3.
„Доминиравме на теренот. Нашата игра беше едноставно блескава и заслуживме да победивме. Сепак, не се случи тоа. Поради што? Не знам? Индивидуални грешки?
Тоа е тимска игра и секако дека може да се впери прстот кон некој од играчите. Но, тоа не е поентата. Тоа е прашање на тимска работа. Како што кажав, во вакви хаотични моменти треба да останете како тим и да ги надминете тие потешкотии.
Ако го направивме тоа, немаше да има грешевме. Не си помагавме меѓусебно да ја задржиме контролата на топката и да преминеме од една во друга фаза преку додавање и движење.
Дефинитивно, овој резултат е назадување, но сега мораме повторно да се кренеме – и ќе го направиме затоа што сме издржливи. Видовте колку бевме издржливи кога се вративме во игра и игравме квалитетен фудбал (противникот водеше со 2:0, а Јунајтед сврте на 2:3). Овој тим е способен да игра извонреден фудбал во тешките моменти од натпреварот. Но, фудбалот се игра на резултат и се бориш да го оствариш.
Ќе повторам. Тимската игра беше брилијантна, покажавме карактер и доминиравме во играта. Во нападот, на пример, можевме да видиме некои брилијантни играчи како Антони“, изјави Ерик тен Хаг, цитиран од официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед.