Ужасни сцени на натпреварот од 1.коло од групната фаза во Копа Либертадорес (јужноамериканската верзија на Лигата на шампионите) помеѓу аргентинскиот Росарио Централ и уругвајски Пењарол.
Росарио славеше со 1:0, но по мечот домашните хулигани ги нападнаа гостинските играчи, а левиот бек Максимилијан Оливера бил удрен со камен по главата.
Играчите на Пењарол тргнале да ги поздрават своите навивачи, а пред да дојдат до трибините, домашните играчи ги гаѓале со камења. Еден камен завршил во главата на играчот на Пењарол. Во налет на адреналин Оливера тргнал физички да се пресмета со домашните хулигани, но соиграчите со спречиле.
По овој инцидент Росарио го чека жестока казна.
Una LOCURA lo que está pasando en el Gigante de Arroyito a una hora del inicio de Rosario Central-Peñarol.
A los hinchas uruguayos los mandaron a la TRIBUNA BAJA del estadio y les están arrojando de todo, incluidas las VALLAS.
De no creer. 😳❌️pic.twitter.com/yIcUZiYfdI
— Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) April 4, 2024
Jogador do Penarol recebe pedrada da torcida do time argentino Rosario Central. O ataque provocou um corte na cabeça do atleta. Que vexame para o futebol sul-americano. pic.twitter.com/xwdLGUTJhQ
— GugaNoblat (@GugaNoblat) April 5, 2024