Фиорентина на крајот од сезоната ќе се раздели со Винченцо Италијано. Тренерот веќе ги известил газдите на „виолетовите“, а тие веднаш почнале да бараат нов стратег.
Италијано и се приклучи на Фиорентина во мај 2021 година, откако претходно беше на чело на Специја, Трапани и Венеција.
Според шпекулациите, Италијано најверојатно од следната сезона ќе биде тренер на Наполи. Тој е главниот фаворит за преземање на функцијата откако договорот на сегашниот тренер Франческо Калцона истекува на 30 јуни 2024 година.