По доаѓањето на Мбапе и Ендрик, јасно е дека за Родриго едноставно нема место во Реал Мадрид за следната сезона.
Сепак Бразилецот е екстра напаѓач, знаел и тоа како да го “извади“ Реал кога било најпотребно, па затоа ако и си оди нема да биде проблем да си најде голем клуб.
Најновите информации од Шпанија велат дека Бразилецот е трансферна цел на Арсенал, кој би можел да ја плати отштетата која “кралевите“ ја бараат за него, а таа е 100 милиони евра.
Арсенал бара до јуни овој трансфер да се реализира.
Покрај Арсенал во игра е и Ливерпул, кој во Родриго бара наследник на Салах кој најверојатно ова лето го напушта „Енфилд“.