Додека во Сплит играа Хајдук и Динамо, на “Максимир“ се одвивала драма!

948

Тимот на нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми за само неколку дена во два наврати славеа во Сплит кај вечниот ривал и му ја уништија сезоната на Хајдук.

Во средата вечерта додека на „Пољуд“ се играше дербито, на стадионот на “модрите“ во Загреб, на “Максимир“ се одвивала вистинска драма.

Имено непознат маж се обидел да влезе во клупските простории на Динамо. Внатре имало три вработени жени кои на почеток се сокриле, но потоа ја информирале полицијата која го привела натрапникот.

ПретходноУште една потврда дека е најголемиот: Обрадовиќ дојде до 350. победа во Евролигата! (ФОТО)
СледноЛудило во Романија: Италијански тренер по десетти пат добива отказ од еден ист клуб!