Спектакуларниот Јокиќ со нов трипл-дабл, ама на крај промаши за победа, Дончиќ го доби дуелот со Богдановиќ! (ВИДЕО)

715

Утринава во САД се одиграа неколку натпревари во НБА. Секако дека најинтересно беше на дуелот меѓу шампионот Денвер и ЛА Клиперс, кој на крајот заврши со резултат 102:100.

Спектакуларниот Никола Јокиќ, секако во моментов најдобриот кошаркар во светот имаше уште една одлична партија. На крајот заврши со нов трипл-дабл, и тоа со 36 поени, 17 скокови и 10 асистенции, во текот на мечот ја мина и бројката од 14.000 поени во карирерата во НБА, но сепак и тоа не беше доволно на крајот да се радува на победа. Имено Србинот промаши за победа, иако од тешка ситуација. Не моменти на паркетот беше “наелектризирано“, а тренерот на Денвер Мајкл Мелоун беше исклучен.

Лука Дончиќ го доби дуелот со Богдан Богдановиќ, Далас славеше над Атланта со 109:95. Словенецот заврши со 25 поени, 12 скокови и 8 асистенци, додека Србинот впиша 17 поени.

На останатите средби се постигнаа следните резултати:

Мајами – Филаделфија 105:109, Њујорк – Сакраменто 120:109, Хјустон – Голден Стејт 110:133.

ПретходноЕвролига: Партизан славеше во Берлин и остана во игра за плеј-офот
СледноДали “пукна“ меѓу Клоп и Салах? Реакцијата на “фараонот“ откако беше заменет! (ВИДЕО)